Италијанскиот шампион Јувентус побара натпреварите од Серија А да започнуваат порано за да бидат достапни за гледачите во Азија.
Во претходните неколку години Јувентус бележе константен финансиски раст. Овој клуб си дозволи да го доведе Кристиано Роналдо и уште неколку скапи фудбалери, а исто така брендот Јувентус стана се посилен и по присутен. Италијанскиот шампион сака сега да се прошири на азискиот пазар бидејќи според профитот е под најдобрите шест англиски клубови.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
„Мораме да пронајдеме вистински баланс помѓу домашната и глобалната публика. Не е само до терминот туку и до правата на преносот и до тоа кој ги прикажува натпреварот. Во таа смисла разликата помеѓу Премиер лигата и Серија А е огромна. Тоа е стара приказна и тоа е една од работите за кои се бориме за Серија А“, изјави шефот за финансисии на Јувентус Ѓорѓо Ричи.
Термините на одигрување во Италија се традиционални, а од пред неколку сезони беше воведен неделен термин од 12:30 часот поради пазарот во Кина и Азија. Останатите термини не се промени долги години, а тука пред се се мисли на вечерениот од 20:45 часот и стандардниот неделен од 15:00 часот.