Дома Фудбал Англија Клоп: Следната недела Ливерпул ќе изгледа сосема поинаку!

Клоп: Следната недела Ливерпул ќе изгледа сосема поинаку!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не е загрижен за презентацијата на неговиот тим за време на претсезонските подготовки.

Вчера европскиот шампион изгуби од Наполи со 3:0 што е четврти меч по ред, во кој Ливерпул не успева да победи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во овие дуели, сепак, Клоп не можеше да користи голем дел од големите ѕвезди како, Алисон Бекер, Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.

Менаџерот на Ливерпул е убеден дека неговиот тим ќе изгледа сосема поинаку по една недела по започнувањето на сезоната во Англија. Оваа недела „црвените“ ќе играат против Манчестер Сити во натпревар за „Комјунити шилд“, а на 9 август тие го пречекуваат Норвич на стартот на сезоната во Премиер лигата.

„Чудно е да ти недостасуваат шест играчи. Навикнати сме дека за време на подготовките може да загубиме играчи, но оваа година тие дури и не започнаа од почеток, но ќе дојдат неколку дена пред или по сезоната. Но, ние мора да ги подготвиме сите колку што е можно подобро. Мораме да бидеме подготвени да се бориме на 100% за почетокот на сезоната со се што имаме. Сепак ние ќе изгледаме сосема поинаку следната недела“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави Симонс веќе е во Лондон и го чека потпис!

Чави Симонс е еден од играчите кој наскоро се очекува да го смени клубот во рамките на тек…