Aнтоан Гризман денес и официјалн остана играч на Барселона.
Каталонскиот гигант денес ја изврши уплатата од 120 милиони евра за трансферот на францускиот напаѓач после што тој и официјално стана играч на Каталонците.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
После пет години Гризман го напушта Атлетико, а покрај овој тим одлична заработка оствари и поранешниот клуб на Гризман Реал Сосиедад.
Тимот од „Сан Себастијан“ го лансираше Гризман во височините и денес на нивната сметка ќе „легнат“ 24 милиони евра што значи дека Атлетико на крајот ќе добие 96 милион иевра.
Така Сосиедад вкупно од Гризман заработи 54 милиони евра, сметајќи ја и сумата за која во 2014 година го продадоа на Атлетико (30 милиони евра).
Гризман во изминатите пет години одигра 257 натпревари за Атлетико и постигна 133 гола.