Сагата со Адриен Рабио конечно заврши, Французинот ќе го носи дресот на Јувентус.
Рабио вчера пристигна во Торино, а утрово ги мина медицинските прегледи. Во Јувентус тој пристигнува како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот е веќе завршен и пресврт нема да се случи, но медиумите во Италија денес пишуваа за сцената која ја направила мајката на Рабио пред авионот вчера да полета за Торино.
Имено, Вероника (мајката и агент на Рабио) со месеци ги избегнува медиумите и вчера бурно реагирала кога видела дека еден камерман се обидува да влезе во авионот со нејзе и нејзиниот син. Таа го блокирала влезот на авионот и никој десет минути не можел ниту да излезе, ниту да влезе во авионот. Вероника се откажала кога лично и се јавил спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи и и објаснил дека станува збор за камерман на Јувентус и дека нема причина да се грижи.
Инаку, мајката на Рабио е познат како тежок преговарач, токму и поради Рабио не заврши во Барселона, а од Јувентус доби 10 милиони евра како менаџерска провизија.