Дома Трансфер зона Бонучи му кажа НЕ на ПСЖ

Бонучи му кажа НЕ на ПСЖ

Вчера италијанските медиуми пренесоа дека дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи добил примамлива понуда од Пари Сент Жермен.

Наводно францускиот шампион му предложил богат договор и сака да ја искористи ситуацијата со доаѓањето на Де Лихт во Јувентус. Се очекува минутажата на Бонучи следната сезона да се намали, па „светците“ се обиделе да го донесат во Париз.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, 32-годишниот дефанзивец експресно ја одбил понудата и сака да остане во Јувентус, каде минатата година се врати после кратката авантура во Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Бонучи добил ветување од тренерот Сари, дека и покрај доаѓањето на Де Лихт, тој во него гледа столб на одбраната и идеален партнер за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…