Фудбалерот на Црвена Звезда кој се прослави оваа сезона со головите против Ливерпул кој подоцна стана европски шампион нема да се пресели во Кина.
Дефинитивно пропадна трансферот на Милан Павков во кинескиот Џангсу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Павков се врати во Црвена Звезда и сега на клубот е да ја разгледа ситуацијата и да донесе одлука за неговата иднина.
Напаѓачот пред заминување се договори со Кинеите за плата од 1.2 милиони евра по сезона, а Звезда му даде дозвола на Павков да замине така што го прифати договорот.
Сепак, трансферот не се реализираше, а причина биле Кинезите.
Имено, сумата која била договорена не била иста со онаа во договорот кој требало Павков да потпише. Накратко Кинезите изгледа сакале да го изиграат Павков (друго објаснување нема), па тој се се вратил во Белград.
Сега тој ќе се приклучи на припремите на Звезда во Австрија.