Потенцијалното враќање на Буфон во Јувентус денес е главна тема во Италија.
Од вчера вечер на големо се пишува за враќањето на Буфон во Јувентус и работата е сериозна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се споменуваа бројни клубови од Италија и од други земји, но сега фаворит е Јувентус, клубот каде што Буфон помина 17 години.
Таков расплет најави и агентот на Буфон, Силвано Мартина, но се уште не може да се каже дека работата е завршена.
„Би било убаво кога нешто такво би се реализирало. Можно е, постои како опција. Џиџи има 41 година, но и понатаму е во одлична форма, тој сака да игра фудбал и да ги тестира сопствените можности. Засега нема договор, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мартина.
„Газета дело Спорт“ објави и дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели лично стои зад преговорите со Буфон и дека легендарниот голман ако премине во Јувентус ќе заработува четири милиони евра по сезона.
Како и да е јасно е дека ако Буфон дојде во Јувентус ќе дојде за да биде втор голман тешко е да се очекува дека Војчех Шчесни сега би ја прифатил улогата на резерва, освен тоа доаѓањето на Буфон ќе значи дека си заминува сегашниот втор голман, Матија Перин.