Во Шпанија се сигурни, по Арон Ремзи Јувентус договори уште едно засилување без надомест.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што јавува „Ел Чирингито“, популарниот телевизиски програм, Адриен Рабио ќе се пресели во Торино. Тој наводно се согласил на седум милион евра по сезона, а главната улога ја одигра Буфон. Тој го убедил Јуве дека е најдобриот клуб за продолжување на кариерата и дека ќе напредува во Торино. Рабио имал понуда и од Јунајтед, но беше на одмор во Италија и даде до знаење дека би сакал да заигра за Јувентус.
Сари барал да го доведат, се вклопува во неговиот стил на игра, а треба да се каже дека Французинот одби да го продолжи договорот со ПСЖ. Тој беше и казнет поради наводен непрофесионализам кога му починал татко му, но ги доби Парижаните на суд и тие ќе мора да му ги вратат одземените плати. Рабио треба да биде претставен на почетокот на јули, а наводно, неговата мајка кој е негов агент ќе добие провизија од 10 милиони.
Медиумите ја откриваат и платата на Рабио во Јувентус. Според последните информации тој ќе потпише договор на пет години според кој ќе заработува осум милиони евра по сезона.
Наскоро се очекува и потврда на оваа зделка.