Дома Топ вести Веќе се најавуваат двете одлични формации кои Зидан може да ги користи во новата сезона

Веќе се најавуваат двете одлични формации кои Зидан може да ги користи во новата сезона

Во Реал Мадрид сериозно ја сфатија работата после вчерашната катастрофална сезона и клубот веќе доведе пет нови играчи за наредната сезона, ако го сметаме и Јапонецот Кубо кој би требало да се докажува во вториот тим тогаш се шест.

Реал ова лето е спремен да направи тим со кој повторно ќе го нападне врвот на Европа. Клубот веќе потроши повеќе од 300 милиони евра, но Зидан сака уште засилување, а неговата најголема желба засега е Пол Погба од Манчестер Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се уште не е невозомжно и Килијан Мбапе да пристигне, но веќе може да започнат претпоставките за тоа како ќе изгледа тимот на Реал наредната сезона.

Зидан наводно размислува за две варијанти, а првата во 4-3-3 формација би изгледала вака:

Куртоа – Карвахал/Одриозола, Варана, Рамос, Марсело – Модриќ, Погба, Крос – Винисус, Бензема/Јовиќ, Азар.

Втората би била 4-2-3-1:

Куртоа – Карвахал/Одриозола, Варана, Рамос, Марселона – Погба, Крос – Винисус/Асенсио, Модриќ, Азар, Бензема/Јовиќ.

Медиумите претпоставуваат дека Лука Јовиќ за кого Реал плати 60 милиони евра на стартот од сезоната сепак ќе биде резерва на Бензема, но не се исклучува можност и Србинот да го превеземе местото на францускиот напаѓач. Флориан Менди од Лион би требало да биде алтернатива на Марсело.

Како и да е Реал создава навистина силен тим, а за тоа дали овие играчи ќе ги оправадаат очекувањата ќе почекаме да видиме кога сезоната ќе започне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …