Дома Трансфер зона Арсенал на чекор од големо засилување: Караско пристигнува на „Емирати“

Арсенал на чекор од големо засилување: Караско пристигнува на „Емирати“

Арсенал е на чекор од комплетирање на трансферот на Јаник Ферерира Караско, пренесуваат медиумите на Островот.

„Топџиите“ веќе постигнале комплетен договор со играчот и се на добар пат да го комлетираат договорот и со неговиот клуб Далијан Јифан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал веќе подолго време го следи Караско, но во јануари не успеа да го донесе во своите редови бидејќи не се договори со неговиот клуб

Белгиецот се пресели во Кина во јануари 2018 година, но не успеа да се адаптира на фудбалот и животот во Азија, па сака по секоја цена да се врати во Европа.

Се поврзуваше со трансфер во Милан и Интер, но италијанските клубови не беа спремни да ја платат сумата која ја бараше неговиот клуб.

Унаи Емери по секоја цена го сакаше играчот во своите редови, па раководството му ја исполни желбата и се согласи да плати 30 милиони евра за потписот на Караско.

https://youtu.be/V2l9vO6mDmY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…