Дома Фудбал Италија Првиот човек на Јувентус патува во Баку, причината е многу јасна!

Првиот човек на Јувентус патува во Баку, причината е многу јасна!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели патува во Баку на финалето во Лигата на Европа помеѓу Челзи и Арсенал.

Првиот човек на Јувентус како што пишува „Тутомеркато“ сака да направи завршен договор со Маурицио Сари, менаџерот на Челзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ањели сака лично да разговара со Сари пред клубот од Торино да го претстави како свој нов тренер.

Секако, после враќањето од Баку Ањели би требало да ги реши сите дилеми, а тоа ќе биде разговор со Челзи за евентуалната оштета и раскинување на договорот на Сари и лондонскиот клуб.

Сари од почетокот е во комбинација за наследник на Алегри, но се до вчера кога објавија сите поголеми италијански медиуми не беше прв фаворит. Претходно се споменуваа Гвардиола, Покетино, Михајловиќ…

Во првата сезона во Челзи Сари се избори за место во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а покрај тоа утре ќе се бори за трофејот во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…