Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман е отворен за трансфер на „Камп Ноу“ и е спремен да прифати пониска плата, пренесуваат шпанските медиуми.
Минатото лето не сакаше да замине поради суспензијата на Атлетико, зимскиот преоден рок не беше погоден момент поради купувањето на Фелипе Кутињо, но ова лето изгледа е вистинскиот момент за трансфер во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.
Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.
Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.
Наводно Каталонците се спремни да го продадат Кутињо за да го финансисираат трансферот на францускиот репрезентативец.