Фудбалерите на Ливерпул синоќа направија историски пресврт и со победата од 4:0 над Барселона успеаа да се пласираат во финалето од Лигата на шампиони.
После поразот од 3:0 на „Камп Ноу“ никој не веруваше дека „црвените“ можат да направат „чудо“, особено поради фактот што недостасуваа и двете најголеми ѕвезди, Салах и Фирмињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп верувал во својот тим и одржал неверојатен мотивациски говор пред мечот.
Дефанзицеот на Ливерпул, Дејан Ловрен откри што им кажал Клоп во соблекувалната пред излегувањето на теренот.
„Пред мечот Клоп имаше неверојатен говор. Тоа беше нешто неверојатно. Тој ни кажа: Верувајте! Ставете го тоа во својот ум дека можеме да го направиме. Еден или два гола, дури и ако не успееме во првите 15-20 минути, верувајте во 65-66-67 минута дека може да постигнеме гол, а потоа Енфилд е со нас“, открива Ловрен.