Tимот на Ливерпул ќе мора брзо да се опорави од тешкиот пораз против Барселона од 3:0 на „Камп Ноу“ бидејќи го очекува важен натпревар во Премиер лигата, а потоа и реванш против Каталонците.
Ливерпул во претпоследното коло ќе игра против Њукасл и не смее да си дозволи кикс ако сака колку толку до крај да се надева дека „граѓаните“ нема да победат на еден од двата последни натпревари.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На прес-конференцијата пред натпреварот против Њукасл Јирген Клоп зборуваше и за натпреварот во вторник против Барселона.
„За Барселона решение ќе бараме после овој натпревар не сега. Играчите сега се фокусирани на натпреварот против Њукасл, тој е највежн во овој момент. Не смееме да играме против Њукасл и да мислиме на Барселона, мора 100% да бидеме подготвени за оваа средба“.
„Не можете да очекувате дека ќе ја победите Барселона 0:3 на гости и потоа ќе имате мирен реваншш. Фудбалот не е таков. Во фудбалот има и порази и победи, затоа е возбудлив. Во првиот натпревар одигравме навистина добро и создадовме сериозни прилики, сепак тоа не беше доволно и на крај изгубивме. Не изгледа нормално тие да изгубат 3:0, но сигурно нема дап ред време да се предадеме. Со оптимистични мисли влегуваме во натпреварот“, изјави Клоп.