Иако се чинеше дека трансферот на Рабио во Барселона е пред реализација, од тоа нема да биде ништо, откако Каталонците решија да стават крај на повеќемесечната „сапуница“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и до крајот на сезоната ќе биде надвор од тимот, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е италијанскиот шампион Јувентус.
Наводно „бјанконерите“ сакаат да го доведат Рабио во своите редови и веќе стапиле во контак со неговата мајка Вероник, која е и негов агент.
Јувентус е познат како клуб кој одлично знае да ангажира фудбалери кои се слободни агенти. Таков беше случајот со Арон Рамзи, кој на лето ќе пристигне како слободен агент.
Спортскиот директор Фабио Паратичи веќе ги започнал преговорите и е спремен да ја победи конкуренцијата, па да донесе уште едно големо засилување без обештетување.