Реал Мадрид подготвува големи промени во тимот без разлика каков ќе биде исходот на сезоната, а шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез спремил буџет од 400 милиони евра за засилувања.
Јасно е дека и некои големи ѕвезди ќе го напуштат Реал Мадрид, а најмногу се очекува „кравите“ да заработат на трансферот на Герет Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Зидан ќе добие одврзани раце да креира тим по своја мерка, а не е тајна дека најголемата желба на Французинот е Еден Азар од Челзи.
Веќе подолго време се шпекулира за трансферот на Еден Азар, а според некои извори тој веќе се договорил со „кралевите“, па останува само двата клуба да ја договорат отшетата.
Основната идеја е Азар да ја потполни „дупката“ која настана со заминувањето на Роналдо, но Зидан сака и засилување во средниот ред кое ќе донесе свежина и креација, а главна цел е Пол Погба.
„Марка“ пренесува дека ќе остане Куртоа како прв голман и следната сезона, а Зидан наредил одбраната да остане иста и сигурно да останат Варан и Марсело, па единствено „освежување“ во дефанзивната линија ќе биде Милитао.
Зидан побарал од претседателот Перез да донесе во тимот млад напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема и во иднина прв напаѓач на „кралевите“, а тоа најверојатно ќе биде Лука Јовиќ.
На лето сигурно заминуваат Себаљос, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Љоренте и Герет Бејл. Иско исто така би можел да замине и Иско, но само доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи апетитите на „кралевите“, а неизвесна е позицијата и на Тони Крос.