Дома Фудбал Останато Играчите на Барса и Реал имаат астрономски клазули, но никој не може да се спореди со Бензема!

Играчите на Барса и Реал имаат астрономски клазули, но никој не може да се спореди со Бензема!

Многу клубови поставуваат откупни клазула со цел да спречат продажба на играчите.

Вообичаено клубовите поставуваат нереални цифри и така се обезбедуваат во случај некој друг клуб да сака да го купи нивниот играч.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Најголема откупна клазула со години наназад има Карим Бензема. Реал во последниот договор на францускиот напаѓач вгради клазула од дури милијарда евра.

Зад Бензема следуваат Лионел Меси, Иско и Марко Асенсио со 300 милиони евра помала откупна клазула, односно 700 милиони евра.

До крајот во топ 10 следуваат Модриќ, Бејл, Пике, Крос, Себаљос и Рафаел Варан со по 500 милиони евра.

Јасно е дека (не)возможно е навистина некој од овие играчи да биде продаден за оваа сума. Дури и за денешни услови кога трансфер пазарот е буквално полуден ова се преголеми суми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …