Зинедин Зидан вчера на прес-конференцијата беше официјално претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а во таа прилика новинарите имаа неколку интересни прашања за Французинот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Среќен сум што се вратив дома. Започнуваме со работа уште од утре. Перез ми се јави и веднаш го прифатив повикот. Не бев тука овој период, но се чуствувам како никогаш да не сум заминал. „Кога имате успех нормално е да бидете подржуван и сакан. Додека гледав од страна воопшто не бев среќен“, го започна Зидан обраќањето кон медиумите.
Сепак неговото претставување не помина и без прашање за Кристиано Роналдо. Еден новинар му постави прилично јасно прашање на Французинот: Дали сакате Кристиано Роналдо да се врати во Реал Мадрид?
Одговорот на Зидан беше дипломатски.
„Тоа не е прашање за овој момент. Вие ме прашувате такво нешто, но ние имаме уште 11 натпревари до крајот и мораме да мислиме на нив. Дури потоа ќе мислиме за следната сезона. Сите знаете што тука значи Роналдо и што направи за овој клуб. И сите го знаеме ова. Тој е историја на клубот“, одговори Зидан.
Cristiano Ronaldo back to Real Madrid? ?
Zinedine Zidane ? pic.twitter.com/Zx5pRdGZ2K
— Goal (@goal) March 12, 2019
Ќе потсетиме Зидан како и Роналдо минатото лето го напушти Реал Мадрид, а без нив двајца Реал не беше истиот тим и се соочи со многу проблеми во текот на сезоната.
Навивачите сега со Зидан очекуваат враќање на победничките патеки.