Дома Фудбал Италија Анчелоти: Наполи може да се надигрува со Јувентус, ако не мислев така немаше да дојдам тука

Анчелоти: Наполи може да се надигрува со Јувентус, ако не мислев така немаше да дојдам тука

anceloti

Во Серија А овој викенд на програмата е дербито помеѓу Наполи и Јувентус.

Наполи е второпласиран тим на табелата, но Јувентус има предност од дури 13 бодови и поради тоа многумина сметаат дека освојувањето на титула во Италија за Јувентус е завршена работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти е свесен за квалитетот на неговиот противник, меѓутоа секако дела се надева на поволен резултат.

„Табелата не лаже. Јувентус е лидер и заслужува почит, тие се над просекот. Правевме грешки на некои натпревари, а Јувентус тоа го искористи. Сигурен сум дека ќе дојдат тука и ќе сакаат да ја стават крај на трката за Скудетото. Го имаат Кристиано Роналдо кој секогаш е максимално мотивиран, секогаш е ист. Кога сте негов тренер не треба многу да зборувате, тој секогаш се слуша“, изјави Анчелоти, па порача:

„Наполи може да се надигрува со Јувентус, сигурен сум во тоа. Доколку не мислев така немаше да дојдам тука“, изјави Анчелоти.
Натпреварот помеѓу Наполи и Јувентус се игра во недела со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…