Сагата околу Интер и Мауро Икарди ја тресе Италија долго време, а сега се огласи и поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез.
По тој повод Макси меѓу останатото порача дека Икарди заслужува подобар агент од Ванда, а исто така ги критикуваше затоа што имаат лош став и тешко му е да комуницира со нив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека Ванда премногу зборува. Многу е тешко да се преговара со директорите во Италија, отколку во Аргентина. Мислам дека новите директори мора да го „нахранат“ егото на Ванда и начинот на која таа ги прави работите, а факт е дека Икарди не игра во форма како минатите сезони. Мислам дека фудбалер со негови квалитети мора да добие услуги од квалитетен агент. Ванда и мене ми нудеше такви услуги, но јас ја одбив“, изјави Лопез.
„Добрите агенти прават разлика бидејќи се способни да ги „читаат“ вистинските моменти. Тие знаат кога да направат притисок, кога да зборуваат, а кога да молчат“, додаде Аргентинецот.
Инаку Макси минатото лето се врати во Јужна Америка и моментално игра за Васко де Гама, а открива дека нема комуникација со Ванда и не ги гледа децата.
„Моментално не ги гледам своите деца. Некогаш дури не ми дозволува да зборувам со нив преку телефон. Мојот однос со Ванда е тежок, веќе неколку години зборуваме само преку адвокати. Нивното однесување е исто, а можам да кажам дека Икарди е многу полош. Верував дека ќе се опамети кога ќе стане татко и ќе разбере што ми направи, но не“, откри Лопез.