Дома Трансфер зона Oфицијално: Елмас во Фенербахче доби друштво од Челзи

Oфицијално: Елмас во Фенербахче доби друштво од Челзи

Виктор Мозес можеби беше клучен дел од тимот на Конте кој во 2017 година стигна до титулата во Премиер лигата. Сепак, со доаѓањето на Маурицио Сари на клупата статусот на Нигериецот се промени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мозес очигледно не се вклопува во тактичките замисли на Сари и оваа сезона запиша само шест настапи за Челзи во сите натпреварувања, а последен пат „синиот“ дрес го носеше во октомври минатата година.

Челзи поради тоа одлучи да го испрати Мозес на позајмица и тоа во турски Фенербахче.

Денес оваа позајмица е и официјализирана.

Во Фенер Мозес би требало да остане до крајот на сезоната 2019/2020.

Треба да се додаде и дека Мозес има важечки договор со Челзи до летото 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…