Актуелниот шампион на Шпанија го ангажираше првото засилување за продолжување од сезоната.
Поради големите проблеми во одбраната, Барселона беше во интезивна потрага по засилување на трансфер пазарот. Каталонците покажуваа интерес за Кристенсен од Челзи, но после негативниот одговор од „сините“ се насочија кон Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Валверде од јануари на располагање ќе го има колумбискиот репрезентативец Џејсон Мурило.
Поранешниот дефанзивец на Интер пристигнува од Валенсија на позајмица до крајот на сезоната.
Мурило веќе ги напуштил редовите на Валенсија и не се појавил на денешниот тренинг, а веќе утре би требало да ги помине лекарските прегледи.
Јасно е дека ова е само привремено решение до летниот преоден рок кога Барселона ќе мора да се засилува во последната линија.
https://www.youtube.com/watch?v=NpQKH8HTsPM