Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Кошаркар на Баерн има голем проблем – двојник е на Ибрахимовиќ!

ВИДЕО: Кошаркар на Баерн има голем проблем – двојник е на Ибрахимовиќ!

Кошаркарот на Баерн, Нихад Џедовиќ е мета на бројни луѓе кои го сретнуваат во јавноста, но не толку поради кошаркарскиот квалитет колку што е неговата сличност со Златан Ибрахимовиќ.

Зарем ова не е Златан Ибрхаимовиќ?

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму ова е прашањето кое си го поставуваат многумина кои ќе го сретнат Џедовиќ на улица.

Џедовиќ е кошаркар на Баерн, а ова лето го промени имиџот и пушти подолга коса како и Златан. Луѓето на улица го влечат и се обидуваат да разговараат со него.

„Златан е Балканец, односно има гени од просторите на поранешна Југославија. Мислам дека луѓето го гледаат него во мене. Откако пуштив подолга коса секој ден некој ме тагира на Инстаграм и Твитер“, изјави Нихад во разговор за официјалниот канал на Евролигата и откри една интересна анегдота.

„Ова лето бев во Париз три дена и секој втор човек ме запре за да се фотографира со мене мислејќи дека сум Златан. Тоа е неверојатно“, откри Џедовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …