Дома Фудбал Репрезентации Најголем проблем на Шпанците е – Пике!

Најголем проблем на Шпанците е – Пике!

Жерард Пике после Светското првенство се прости од дресот на Шпанија, но и тоа како недостасува на оваа селекција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без Пике Шпанија одигра пет натпревари и на тие пет прими дури осум погодоци, од кои по три во натпреварите против Хрватска и Англија.

Селекторот Луис Енрике користеше неколку играчи во задната линија, но никако не успева да пронајде некој кој ќе успее да го надополни неговото отсуство и да биде вистински партнер на Серхио Рамос.

Прво Начo играше два натпревари како стопер покрај Рамос и на почетокот тоа функционираше бидејќи Шпанците ги совладаа Англичаните и Хрватите со гол-разлика 8:1.

Потоа играше Албиол, па уште еднаш Начо, а во последниот натпревар против Хрватска во Загреб заигра 27 годишниот стопер на Атлетик Билбао Иниго Мартинез.

Со оглед на трите примени гола од Хрватска тешко е да се каже дека Мартинез е она што го бара Енрике. Како најдобро решение се покажа Начо, но Шпанците сигурно ќе мораат да размислат за условно кажано вистински стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Паѓа важен потпис, навивачите на Ливерпул добија одлични вести!

Средниот играч на Ливерпул, Доминик Собослаи, е на само чекор од потпишување на нов долгор…