Дома Фудбал Останато Ибра постигна хет-трик, а овој судија одби да му ја даде топката – сега објасни и зошто! (ВИДЕО)

Ибра постигна хет-трик, а овој судија одби да му ја даде топката – сега објасни и зошто! (ВИДЕО)

Кариерата на еден фудбалски судија не е лесна, а најдобро е кога се споменуваат што помалку во медиумите и во текот на ТВ преносите.

Сепак, еден од оние кој ќе остане запаметен во Франција, но и во Европа долго време е Тони Чапрон кого многумина го паметат по две работи. Првата е што во 2015 година не сакаше да му ја даде топката на Златан Ибрахимовиќ откако постигна хет-трик, а втората епскиот црвен картон на играчот на Нант, Диего Карлос.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ќе потсетиме, тогаш Чапрон се сопна на ногата на Карлос, по што стана и му покажа црвен картон со што стана вистински хит на друштвените мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=sloURWMK4ks

Сега за „BBC“ тој објасни зошто одлучил да не му ја даде топката на Ибрахимовиќ.

„Тој тогаш дојде многу блиску до мене, покажа со прстот и само ми кажа: Топката! Јас имам четири ќерки…Кога сме заедно и кога нешто ќе ме прашаат, ако на крајот не постои зборот „те молам“ нема да има реакција од моја страна. Значи, исто беше и во таа ситуација, тоа е работа на лична култура. Тоа е неодстаток на образование и општа култура. Веројатно јас сум единствениот кој му кажал не на Златан“, објасни Чапрон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Галатасарај испрати нова понуда за Осимен, па веднаш пристигна одговор од Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи ја одби подобрената понуда на Галатасарај за напаѓачот Виктор Осим…