Дома Топ вести Готово: Нова победа на велемајсторот – Мончи „украде“ фантастичен играч од пред „носот“ на гигантите!

Готово: Нова победа на велемајсторот – Мончи „украде“ фантастичен играч од пред „носот“ на гигантите!

Шпанецот ја заврши работата, Рома добива големо засилување!

Искрено, ваков расплет може да се смета за изненадување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Капитенот на Порто, Ектор Ерера беше на мета на многу клубови, но на крајот ќе заврши во Рома.

Неговиот договор истекува во јуни, а веќе од јануари може да бира каде да ја продолжи кариерата, се очекуваше да го избере англиското првенство, но на крајот тој изненади.

Во прашање е играч кој долго е на големата сцена, Мексиканецот веќе пет години е во Европа и може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Пеп Гвардиола беше воодушевен од неговите квалитети.

„Тој изгледа слабо, но кога играте против него гледате дека има неверојатна трансформација, брз е и силен во дуел, не паметем некој така да ме изненадил“, зборуваше Каталонецот уште додека го водеше Баерн.

Рома секако добива големо засилување и вистинска замена за Наинголан кој им недостасува оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…