Дома Фудбал Германија Баерн Минхен закажа вонредна прес-конференција!

Баерн Минхен закажа вонредна прес-конференција!

Баерн Минхен за вчера вечер закажа вонредна прес-конференција за денес во 12 часот.

Конференцијата сигурно е закажана поради лошите резултати на клубот во последно време, но засега нема информации дали Нико Ковач би можел да биде отпуштен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гигантот од Минхен веќе четири натпревари не знае за победа.

Во Бундес лигата ремизираа против Аугусбург, а губеа од Херта и Борусија Менхенгладбах, додека во Лигата на шампионите одиграа нерешено против Ајакс. Последната победа ја запишаа на 22.09 против Шалке.

Пред новинарите ќе седна Нико Ковач и целата управа на Баерн.

„После конференцијата од 11 часот ќе се одржи уште една, на кој ќе присуствуваат Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ“, најавија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ФФМ ќе отвои дисциплинска постапка против Шкупи!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на …