Шпанското радие „СЕР“ во јавноста излезе со информација за колку пари Нејмар ќе го напушти ПСЖ наредното лето.
Наводно, Бразилецот ќе може да го напушти Париз идното лето за сума од 220 милиони евра, скоро идентично колку што ПСЖ и плати на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„СЕР“ пренесува дека Нејмар постигнал договор со првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи кој оваа сезона сака од неговиот тим да ја освои Лигата на шампиони.
Во медиумите, поточно во каталонскиот „Мундо Депортиво“ вчера се појави вест дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но „СЕР“ тврди дека Реал Мадрид во овој момент е прв кандидат да го доведе во своите редови.
Ќе потсетиме, Нејмар во ПСЖ пристигна за сума од 222 милиони евра, но и ова лето се поврзуваше на големо со трансфер во Мадрид.