Евертон ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе напаѓачот на градскиот ривал, Дивок Ориги, пренесуваат англиските медиуми.
Менаџерот на „карамелите“ Марко Силва потврди дека клубот активно работи на нови засиливања, а белгискиот напаѓач е прв на листата желби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според турските медиуми Бешикташ ќе се обиде да го врати во своите редови Ченк Тосун од Евертон, а Ориги треба да ба биде негов заменик.
23-годишниот Белгиец пристигна во Ливерпул од Лил во 2014 година за 10 милиони евра, но не успеа да се наметне во тиот на Јирген Клоп.
Ориги минатата сезона ја помина на позајмица во Волфсбург постигнувајќи 6 гола на 31 меч, а многу веројатно од јануари ќе го облече дресот на градскиот ривал.
https://youtu.be/1QED9B4C3UQ