Тренерот на Наполи, Карло Анчеоти јавно ги соопшти очекувањата од неговиот тим пред утрешното дерби со Јувентус.
Анчелоти го пофали својот колега Макс Алегри и потврди дека има фантастичен однос со Кристиано Роналдо уште од времето кога работеше во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мечот со Јувентус ќе биде спектакл. Сакам да го видам Наполи каков што го гледав последните две недели. Ќе биде тешко да ги изберам стартните 11 бидејќи располагам со многу добри фудбалери. Лоренцо Инсиње ја промени позицијата и сега е во одлична форма“, истакна Анчелоти.
„Кон Роналдо чувствувам огромна приврзаност. Не само поради тоа што го прави на теренот, туку и пради неговите човечки квалитети. Многу сум среќен што дојде во Италија. Треба да одиграме одлично во сите зони од теренот. Не прифаќам реми, јас секогаш се борам за победа“, заклучи искусниот стратег.
Juventus v Napoli: Ronaldo prepares for reunion with 'big bear' Ancelotti https://t.co/jmD8jCn9ZB pic.twitter.com/AzuTawES3w
— Italy Notizie (@Italy_Notizie) September 28, 2018