Дома Македонски спорт 55 поени на Дејвис во победата на Лејкерси

55 поени на Дејвис во победата на Лејкерси

Ентони Дејвис со неверојатен настап во кој постигна 55 поени го предводеше Лејкерси до победа од 130:119 против Вашингтон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лејкерси по лошиот старт на сезоната влегоа во подобра форма и започнаа да редат победа. Победата против Вашингтон беше трета во низа.

Ѕвезда на вечерта беше Ентони Дејвис кој постигна 55 поени и додаде 17 скока, а имаше и уште три блокади. Солиден настап имаше и Леброн Џејмс кој беше втор стрелец со 29 поени.

Во редовите на Вашингтон најдобар беше Порзингис со 27 поени.

НБА РЕЗУЛАТИ: Њу Орлеанс – Денвер 121:106, Сан Антонио – Феникс 95:133, Бруклин – Бостон 92:103, Детроит – Мемфис 112:122, Њујорк – Кливленд 92:81, Сакраменто – Чикаго 110:101, Вашингтон – ЛА Лејкерс 119:130, Портланд – Индијана 116:100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

(Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и зачекори во нокаут фаз…