Дома Македонски спорт 52-ри Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом “ИКАС 2021”

52-ри Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом “ИКАС 2021”

Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС како симбол на
кајак спортот во Град Скопје, Република Македонија и пошироко во Европа, оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација.

Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан
во својот стандарден термин во перидот од 05 до 11 Април 2021. Земајќи ја во предвид
моменталната состојба со ширењето на Ковид 19 во нашата држава во предвидениот
период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на
целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме
приморани да го одложиме и презакажеме натпреварот за нов термин 22 и 23 Мај.
Во овој момент би сакале да Ве известиме дека 52-риот Традиционален


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 и официјално ќе се оддржи во новиот
предвиден термин за оваа година и тоа на 22 (Сабота) и 23 (Недела) Мај во спортско
рекреативниот Центар Матка – Скопје. Официјалните тренинизи за натпреварот
започнваа во Среда 19 Мај , а завршуват во петок на 22 Мај. Во текот на овие три дена ќе
пристугнат натпреварувачите од неколкуте пријавени држави и тоа Србија, Босна и
Херцеговина , Грција, Хрватска и Турција. Имајќи ја во предвид моменталната состојбата
со пандемијата на Ковид 19 на светко ниво и различните мерки за справување со
пандемијата коишто ги превземаат државите ширум Европа, оваа година имаме
добиено 30 – 35 пријави на натпреварувачи од горенавдените земји, а некои од
пријавените натпреварувачи беа Финалисти на посленото 51 во издание на ИКАС 2019
година и тоа: Зисекас Панајотис – Грција, Јефтич Милош, Димитријевич Огњен, Џорџевич
Марко – Србија, Мачкич Душан – Босна и Херцеговина.

Знаејќи ја моменталната состојба и мерките на претпазливост кои треба сите ние
да ги почитуваме сепак би сакале да Ве поканиме доколку имате можност да дојдете и
да ги проследите натпреварите во од двата натпреварувачки дена на 22-23 Мај во СРЦ.
Матка. Независно дали ќе бидете во можност или од безбедности причини доколку не
бидете дел од нашата манифестација од наша страна ние конитнуирано ќе Ве
информираме и ќе споделуваме резултати материјали и фотографии од натпреварите.
На самата патека ќе се почитува Протколот за спроведување на превентивни
мерки за заштита од Ковид 19 при организација на кајакарски натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарките ги чека ЕХФ неделата: Грчевски го објави списокот

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави сп…