Дома Топ вести Јувентус почна преговори со Погба

Јувентус почна преговори со Погба

Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето.

Јувентус веќе стапил во контакт со Мино Раиола за да ги започне преговорите за враќање на Погба во Торино, пренесуваат италијанските медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната и тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Интересот на Јувентус за Погба не е тајна, но сега „бјанконерите“ го започнале преговорите со Раиола за да го вратат Французинот во Торино.

Покрај Јувентус, силен интерес за неговиот потпис покажува уште ПСЖ, кој исто така доставил понуда, но Погба преферира преселба во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…