Дома Топ вести 21-годишникот кој и даде три гола на Барселона е дете на „Ла Масија“

21-годишникот кој и даде три гола на Барселона е дете на „Ла Масија“

Ориол Солдевиља до вчера беше тотален анонимус во фудбалскиот свет, но вчера во натпреварот за својот Интерсити против Барселона во Копа Дел Реј неговото име силно одекна.

Барселона трипати водеше во регуларниот дел, голови постигнуваа Араухо Дембеле и Рафиња, но 21-годишниот фудбалер трипати ги враќаше работите на почетокот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Солдевиља постигна хет-трик во регуларните 90 за 3:3, но сепак со голот во продолженијата Барселона дојде до победата.

Посебно интересно е што Солдевиља е дете на Барселона. Роден е во овој град и првите фудбалски чекори ги направи во славната „Ла Масија“.

Школата на Барселона ја напуштил во 2020 година, а неговата сегашна цена е 100.000 евра.

Иако постигна три гола, тој не е класичен напаѓач, туку играч за врска, но вчера покажа дека има и тоа како добра реализација.

Пред него во сите натпреварувања хет-трик против Барселона постигна Мбапе во 2021 година во Лигата на шампионите. Кога се шпанските фудбалери во прашање тоа му успеа на Адуриз во 2015 година во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …