Дома Фудбал Италија 19-годишен талент на Јувентус става крај на кариерата поради депресија

19-годишен талент на Јувентус става крај на кариерата поради депресија

Голем проблем со депресија има 19-годишниот фудбалски бисер Мохамед Ихатарен, кој е еден од најголемите таленти во Европа.

Ихатарен важи за еден од најголемите таленти во светот, тој минатото лето пристигна во Јувентус од ПСВ, а потоа беше испратен на позајмица во Сампдорија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, играчот кој експлодираше во ПСВ и веќе одигра 74 натпревари, се бори со тешка депресија поради смртта на неговиот татко и размислува да стави крај на кариерата.

Јувентус и Сампдорија засега остануваат тивки по ова прашање, а веројатно најтешката задача ја има менаџерот Мино Раиола, кој сигурно ќе се обиде да го врати Ихатарен на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е голот на Албанија што ја остави Србија без Светското првенство

Разврската на квалификациската група К за Светското првенство се одигра во претпоследното …