Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.
„Скај Спорт“ пренесува дека Санчо веќе ги известил челниците на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот и да се врати во Англија.
Сите големи англиски клубови се заинтересирани за талентираниот фудбалер, но „Скај Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис и дека е во напредни преговори со неговиот агент.
Jadon Sancho has provided more assists in Europe's top five leagues than any other player since 2018/19:
— Squawka Football (@Squawka) March 3, 2020
❍ 56 games
❍ 28 assists
❍ 26 goals
Directly involved in 1.14 goals per 90 minutes. ? pic.twitter.com/TwrVMVEsGr