Клупските автобуси на Барселона и Реал Мадрид заедно ќе пристигнат во исто време на Камп Ноу пред Ел Класико поради засилени безбедносни мерки во каталонската престолнина.
Фудбалерите на Барселона и на Реал вечерва ќе бидат сместени во ист хотел каде ќе ја поминат последната ноќ пред големиот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлуката да се сместат двата големи ривали во хотелот „Принцес“ во Барселона беше донесена поради основаното стравување дека можно демонстрантите да го попречат „Ел Класико“.
Каталонските медиуми пренесуваат дека двете екипи исто така заедно ќе патуваат и до стадионот што е оддалеченост од само 600 метри од хотелот, во необележани автобуси, со полициска придружба.
Челниците на Барселона се подготвени да обезбедат дури 3.000 чувари на редот за да може дербито против Реал Мадрид што ќе се игра утре да помине без поголеми инциденти.