Дома Топ вести Меси: Сонувам да играм за Њуелс Олд Бојс, но синот не сака во Аргентина

Меси: Сонувам да играм за Њуелс Олд Бојс, но синот не сака во Аргентина

Легендата на аргентинскиот фудбал, Лионел Меси даде опширно интервју за домашниот „ТиЦ спорт“.

Меси зборуваше за многу теми, па неизбежно беше да се осврне на фактот дали ќе заигра во Аргентина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Сонувам да заиграм за Њуелс Олд Бојс, но не знам што ќе се случи во иднина. Кога ќе му кажам на синот Тиаго дека одам некаде, тој се нервира. Не му се допаѓа ништо во Аргентина. Кога ќе отидеме во Аргентина, тој веднаш сака да се вратиме во Барселона. Семејството е мојот приоритет во животот“, истакна Меси.

Аргентинецот притоа призна дека Роналдо Назарио бил најдобриот фудбалер кој некогаш го видел.

„Роналдо беше феномен. Од сите напаѓачи кои сум ги гледал како играат, тој беше убедливо најдобриот. Неверојатен човек и фудбалер“, вели Меси.

На крајот Меси призна дека не сака да биде заменуван од игра и претпочита да влегува од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…