Дома Фудбал 16-годишник му донесе победа на Ливерпул по извонредна драма против Њукасл

16-годишник му донесе победа на Ливерпул по извонредна драма против Њукасл

Ливерпул постигна извонредна драматична победа со 3:2 на гостувањето кај Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


16-годишниот Рио Нгумоа го донесе успехот на “црвените” со гол во дополнителното време на второто полувреме. Мерсисајдците играа со играч повеќе целото второ полувреме, откако Ентони Гордон беше исклучен кон крајот на првиот дел.

Во еден период “црвените” успеаја да ја задржат топката малку повеќе во полето на противникот и постигнаа гол. Гравенберх го изненади Поуп со прецизен удар од дистанца и ја испрати топката во неговиот долен десен агол.

Второто полувреме започна фантастично за Ливерпул. Околу 20 секунди по паузата, брзата акција заврши со влез на Гакпо во казнениот простор и негов удар. Неговиот шут беше блокиран, но топката стигна до Екитике.

Њукасл не се предаваше и херојски стигна до 2:2, па дури имаше и шанси да дојде до пресврт. Меѓутоа во 100-та минута 16-годишниот Рио погоди за 3:2 и победа на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандски тренер на чело на гигантот од Ротердам!

Фејенорд реши новата сезона да ја започне со нов тренер. Во клубот одлучија да раскинат со…