Дома Останати 16-годишната Канаѓанка е пливачка сензација, собори два светски рекорди во 5 дена

16-годишната Канаѓанка е пливачка сензација, собори два светски рекорди во 5 дена

16-годишната Канаѓанка, Самер Мекинтош е новото пливачко „чудо“. Таа го собори светскиот рекорд на 400 метри мешано во Торонто, пет дена откако го урна рекордот на 400 метри слободно.

Актуелната двојна светска шампионка делницата ја преплива за 4:25,87 минути на канадските квалификации за следното Светско првенство во Фукуока.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тинејџерката го собори постигнувањето на Катинка Хосу од Унгарија, која го постави на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Младата 16-годишна пливачка во вторникот го сруши и светскиот рекорд на 400 метри слободен стил. Мекинтош воедно стана и првата во историјата во машка и женска конкуренција, која во исто време ги држи рекордите на 400 метри мешано и слободен стил.

„Ова беше првпат да ја слушнам публиката како навива за мене. Помеѓу луѓето на трибините беше моето семејство и пријателите. Навистина нивната поддршка многу ми помогна во последните 100 метри“, изјави Мекинтош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…