Вчера заврши преодниот рок во Англија, па сега останува да ги следиме случувањата во останатите земји.
– За почетокот – тука потсетете на вчерашната лудница во последниот ден од преодниот рок на Островот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
– Навивачите на Манчестер Јунајтед се разочарани од преодниот рок, а некои од нив дури и ги палат дресовите. Јунајтед беше тимот кој најмногу потроши од сите премиерлигаши.
– Фановите на Челзи се лути на Луиз поради трансферот во Арсенал, па му се одмаздуваат преку неговиот ресторан.
– Зошто пропадна трансферот на Дибала?
– Перишиќ пред трансфер во Баерн Минхен!
– Лукаку во Интер ќе го носи дресот со број девет кој претходно го носеше Икарди.
– Трансферот на Балотели во Фламенго е завршена работа, „Супер Марио“ во Јужна Америка ќе заработи 15 милиони евра за две години.
– Навивачите на Арсенал после подолги години се задоволни од тоа како нивниот тим го одработи преодниот рок – еве како би можел да изгледа првиот тим на „топџиите“.
– „Марка“ го најавува трансферот на Нејмар!
– Oфицијално: Илкај Гундоган го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2023 година.
– Даниеле Ругани не направи трансфер во Премиер лигата, а таа ситуација ќе се обиде да ја искористи Рома. Римјаните сакаат да го доведат Ругани на позајмица од две години со право на откуп.
– Покрај обидите со Ругани Рома работи и на обезбедување на Заниоло. Младиот играч барам 2.5 милиони евра по сезона, Рома му нуди 1.7 милиони плус бонуси.
– Борусија Дортмунд и ПСЖ покажуваат интерес за Марио Манџукиќ.
– Ракитиќ не сака да ја напушти Барселона.
– Солскјер на денешната прес-конференција потврди дека Пол Погба ќе биде во комбинација за настап против Челзи со што се намалува можноста за негово заминување.
– Фудбалерот на Рома Хуан Хесус на фотографијата на Мауро Икарди остави коментар: Те очекуваме.
– Гвардиола потрошил повеќе од една милијарда за да доведе 59 играчи.
– Дел од италијанските медиуми одново најавуваат дека ПСЖ може да направи нов обид да го доведе Донарума.
– Лука Пелегрини кој во Јувентус пристигна од Рома, многу веројатно ќе биде испратен на позајмица во Каљари.
– „Газета“: Интер пронајде наин како да го доведе Савиќ!
– Азар во Реал ќе го носи дресот со број „7“.
– Oфицијално: Лукас Моура го продолжи договорот со Тотенхем до 2024 година.
– Сега кога преодниот рок во Англија заврши како опции за Кутињо се споменуваат ПСЖ, Баерн и Јувентус, пишува „Мундо Депортиво“.
– Александар Хлеб е нов играч на клубот од Белорусија, Ислоч Минск.
– Монако би можел да ги доведе Матија Перин и Блез Маутиди од Јувентус. Перин Јувентус го проценува на 15 милиони евра, додека Матуиди се очекува клубот од Торино да го пушти за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.
– Официјално: Шоне од Ајакс е нов играч на Џенова.
– Oфицијално: Хаким Зијеш не тргна по стапките на Де Јонг и Де Лихт – потпиша нов договр со Ајакс.
You asked for magic? ?#ExtendingZiyech pic.twitter.com/TsQ6rIr0kc
— AFC Ajax (@AFCAjax) August 9, 2019
– Иако преодниот рок во Англија заврши Арсенал и понатаму сака да се ослободи од Шкодран Мустафи и Елнени, без оглед на тоа што замени за нив не ќе можат да доведат до јануари.
– Официјално: Шинџи Кагава е нов играч на Сарагоса.
– Никлас Бендтнер би можел да се врати во Италија и тоа во тимот на Реџина кој се натпреварува во Серија Ц, пишуваат италијанските медиуми.