Дома Фудбал Џака го обвини соиграчот за поразот во ЛШ: Направи голема глупост

Џака го обвини соиграчот за поразот во ЛШ: Направи голема глупост

Баер Леверкузен доживеа тежок пораз во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, откако Баерн ги декласираше во Минхен со 3:0.

Стрелци за баварскиот гигант беа Хари Кејн, кој постигна два гола, и Џамал Мусиала, а за тешкиот пораз на овој тим придонесе и црвениот картон на Норди Мукиеле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бекот на Леверкузен во 62-та минута со исклучително невнимателен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен, поради што на Мукиеле му беше лут и Гранит Џака.

Легендарниот Швајцарец јавно го критикуваше Мукиеле, изјавувајќи дека добил глупав црвен картон и дека тоа беше сосема непотребно.

“И покрај големото заостанување, добро влеговме во натпреварот, а потоа добивме глупав црвен картон, што беше сосема непотребно. Тоа беше далеку од голот. Фрустрацијата е огромна. Морам длабоко да вдишам пред да кажам нешто лошо”, изјави Џака и се воздржа од понатамошни критики кон Мукиеле.

Интересно е дека ова беше првиот пораз на Чаби Алонсо против Баерн откако стана тренер, а дефинитивно ќе му биде потребно чудо на „БајАрена“ ако сака да го однесе својот тим во четвртфинале.

Реваншот е на програмата во вторник од 21 час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роберто Карлос се огласи од болница по информациите дека имал срцев удар

Познатиот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) во последните денови на 2025 година итно …