Ентони Џошуа ја врати титулата на светски шампион во тешка категорија, откако со едногласна одлука на судиите во реваншот го победи Енди Руиз.
Британецот го „здрма“ Мексиканецот уште во првата рунда по одличниот удар, но Руиз успеа да издржи до крајот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На прес-конференцијата по борбата новинарите ги интересираше што му кажал Џошуа на Руиз.
„Му кажав никогаш да не се откажува. Само му го кажав тоа. Тешко е, ти си голем човек. Ти си голем шампион. Но му реков да го следи својот сон“, вели Џошуа.
Се очекува во следниот период Џошуа и Руиз да договорат уште една борба, односно трета меѓусебна пресметка, па фановите ќе можат да уживаат во голем спектакл.