Нигерскиот фудбалер, Џон Оби Микел би требало ова лето да направи нов трансфер.
Откако пред само неколку месеци го облече дресот на Миделсброу, Микел е спремен за нови предизвици, а причината поради која не сака да остане во клубот е што овој тим не се избори за место во повисок ранг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Желба на Микел е повторно да игра во Премиер лигата, а тоа неодамна го потврди и самиот играч.
„Мислам дека ќе останем во Англија и ќе продолжам со својата едукација во фудбалот….Се надевам дека играм во Премиер лигата“, изјави Микел после разочарувачката сезона во Чемпионшип каде што Миделсброу заврши на 7-та позиција.
Како што пренесува „ЕСПН“ интерес за Микел веднаш покажал Шефилд Јунајтед кој се враќа во Премиер лигата и го сака Микел како прво засилување за наредната сезона.
Со оглед на тоа дека договорот на Микел со Миделсброу истекува за еден месец сигурно дека лесно ќе се договори со некој друг клуб.
Во сезоната во која завршува Микел одигра 18 натпревари во Чемпионшип и постигна еден гол.
Микел во кариерата ја освои Лигата на шампионите, два пати англиското првенство, четири пати ФА Купот, два пати Лига Купот…