Атлетико Мадрид на својот стадион „Ванда Метрополитано“ го пречека Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а на крајот во овој дуел немаше победник (1:1).
Вчерашниот натпревар донесе неверојатна дефанзивна игра на екипата на Диего Симеони кој вечерва играше прилично антифудбалски натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Мадрид се играше жестоко од првата минута, а Атлетико до гол стигна во седмата минута, што во голема мера го одреди текот на остатокот од натпреварот. Ренан Лоди асистира од левата страна, Жоао Феликс му побегнува на Магваер и постигнува гол за водство на домаќините од 1-0.
Јунајтед имаше посед на топката во првото полувреме. Сепак, не успеа да направи ништо во фазата на напад, а тоа особено го налути Кристијано Роналдо, кој се скара со публиката, судијата, соиграчите …
Атлетико имаше уште една голема шанса. Ја погодија рамката од голот, но на одмор заминаа со водство на од 1:0.
Продолжението ја носи истата слика на теренот. Ралф Рангник се обиде да направи нешто со промените, а една од нив вроди со плод.
Ентони Еланга влезе во игра во 75. минута на местото на Маркус Рашфорд, а погоди пет минути подоцна. Бруно одлично го проигра, одбраната на Атлетико првпат киксираше, а младиот шведски напаѓач погоди за 1:1.
До крајот на натпреварот Атлетико е беше подобар. Гризман ја затресе пречката, но на крајот резултатот остана непроменет, па патникот во четвртфиналето ќе биде познат по реваншот кој ќе се одигра на 15 март на „Олд Трафорд“.