Леброн Џејмс својата победничка тројка ја спореди со детска игра.
Џејмс на Кливленд му донесе победа над Индијана за водство од 3:2 во серијата во првата рунда од НБА плеј-офот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралот“ прво го изблокира обидот на Виктор Оладипо, а потоа направи два дриблинзи и со звукот на сирената погоди преку Тадеус Јанг.
„Како дете секогаш ги имате тие моменти 3, 2, 1 кош. Така и ја се чуствував сега. Се чуствував како дете кое игра кошарка во својата соба и постигнува кошеви со топка направена од чорапи“, изјави Џејмс.
Џејмс натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скокови и осум асистенции.