Един Џеко би можел да го напушти Интер и кариерата да ја продолжи во Турција, пренесуваат италијанските медиуми.
Босанецот влезе во последната година од договорот и се очекуваше да ја продолжи соработката со Интер, но неодамна влезе во конфликт со тренерот Инзаги.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Фенербахче веќе стапил во контакт со неговиот агент и му нуди 2-годишен договор со подобри финансиски услови.
Џеко веднаш после финалето во ЛШ ќе донесе конечна одлука, но големи се шансите да се пресели во Истанбул.
La Turchia tenta Dzeko, super offerta dal Fenerbahce https://t.co/vVmQIt5n7Y
— Repubblica (@repubblica) June 8, 2023