Милан на катастрофален начин ја отвори сезоната и после првите седум кола веќе има три порази.
Италијанските медиуми пренесуваат дека победата над Џенова најверојатно нема да му помогне на тренерот Џампаоло да го избегне отказот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан во последното ја победи Џенова во трилер натпревар, но играше лошо, па раководството не е задоволно од работата на тренерот и од изборот на играчи кои ги прави.
„Скај Спорт“ пренесува дека веќе е донесена одлука и Џампаоло денес официјално ќе добие отказ, а клубот моментално преговара за негов наследник.
Прва мета е Лучијано Спалети, кој наводно дал зелено светло, но сега треба да го раскине договорот со Интер бидејќи се уште е под договор со „нероаѕурите“.
Како алтернативи се споменуваат Пиоли и Раниери, кои се спремни да го преземат кормилото само до крајот на сезоната.