Дома Останати Кошарка НБА Џабе Дончиќ и Леброн „растураат“ кога „немаат“ соиграчи (ВИДЕО)

Џабе Дончиќ и Леброн „растураат“ кога „немаат“ соиграчи (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Лука Дончиќ откако не играше два натпревару поради полесна повреда се врати и оствари трипл дабл со 28 поени, 10 скокови и 10 асистенции со шут од игра 7/12, а за три 4/6 и 10/12 од линијата за слободни фрлања. Сето ова Дончиќ го направи за 32 миниути поминати на паркетот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Двајт Пауело го следеше Дончиќ со 24 поени и имаше само едно промашување од игра. Тим Хардвеј додаде 20, а Дирк Новицки 12 поени пет скокови и една асистенција.

Голден Стејт Вориорс славеше на гостувањето во Шарлот со резултат 121:110. Во текот на целиот натпревар и двата тима беа одлично шутерски расположени.

Кај Вориорси најефикасен беше Клеј Томпсон со 26 поени (два скока и пет асистенции), дабл-дабл забележа и Демаркус Казинс со 24 поени, 11 скокови, три асистенции и блокади и една украдена топка. Дабл-дабл оствари и Дрејмонд Грин со 14 поени и 10 асистенции, а Кевин Дурант натпреварот го заврши со 20 поени, седум скокови и четири асистенции.

Стеф Кари постигна 16 поени и запиша пет скока.

https://www.youtube.com/watch?v=YCaRjUlMmto

Леброн Џејмс и Лејкерси како што стојат работите ќе останат без плеј-оф. Тимот на Лејкерси вчера гостуваа кај Мемфис кој важи за еден од најслабите тимови во западната конференција и забележаа пораз со 110:105. Ова за Лејкерси беше четврти пораз во псоледните пет натпревари.

На Лејкерси не им помогна ниту трипл-даблот на Леброн од 24 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Голден Стејт 110-121

Кливленд – Портланд 110-123

Детроит – Индијана 113-109

Бруклин – Сан Антонио 101-85

Мајами – Феникс 121-124

Чикаго – Милвоки 106-117

Хјустон – Атланта 119-111

Мемфис – ЛА Лејкерс 110-105

Минесота – Сакраменто 112-105

Њу Орлеанс – Филаделфија 110-111

ЛА Клиперс – Далас 121-112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фамилијата Анчелоти пред враќање на “Бернабеу”

Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, може да го замени Чаби Алонсо како главен тренер…