Дома Фудбал Ќе остане ли Мурињо во Фенербахче? Португалецот ги најави своите планови

Ќе остане ли Мурињо во Фенербахче? Португалецот ги најави своите планови

Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо го најави дуелот на неговиот клуб со Ренџерс во осминафиналето на Лигата на Европа, а при таа прилика зборуваше и за својата иднина.

Познатиот португалски стратег ги доживува најубавите моменти откако пристигна во Фенербахче. Тимот е обединет како никогаш претходно, намален е заостатокот зад Галатасарај во првенството на само четири бода и нема пораз веќе 18 натпревари во сите натпреварувања.

Новинарите на денешната прес-конференција пред натпреварот со Ренџерс ги интересираше дали тој останува на клупата на Фенербахче или планира набрзо да го напушти Истанбул. Иако не сакаше да открие ништо конкретно, навести останување уште најмалку една година, колку што му трае договорот.

Кога пристигнав, им реков на навивачите дека ќе се борам за нив, им ветив тоа. Мислев дека тоа ќе биде нормална борба, честно натпреварување во кое сакаме да победиме на секој натпревар. Но, по неколку месеци тука, сфатив дека морам да направам уште повеќе“, рече Мурињо, а потоа се осврна на својата иднина:

„Ова е голем спортски клуб и успехот тука му припаѓа на сите. Кога сме обединети, успехот ќе дојде порано или подоцна. Чувствувам дека тоа се случува токму сега. Моето иднина не е важна, важен е само Фенербахче. Имам договор на уште една година, но не размислувам за ништо такво. Единствено за што размислувам е Фенербахче и останувам му лојален“, додаде Португалецот.

На овој начин навести дека сепак планира да остане во Фенербахче уште некое време и дека му е убаво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Лион: Фонсека суспендиран на девет месеци!

Фудбалската професионална лига на Франција го суспендираше тренерот на Олимпик Лион, Пауло…